Гастрономите од Македонија се обединија

„Гастромак“ ги собра гастрономите од Македонија на едно место. Од неодамна се формира оваа асоцијација преку која гастрономите многу полесно ќе ги решаваат проблемите, но ќе имаат и можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство. Посебен акцент е ставен на гастрономите од Охрид како најголем туристички центар во Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Гастрономите од Македонија се обединија. Од неодамна се формира асоцијацијата „Гастромак“ во која можат да членуват готвачите од државава кои имаат диплома од некое средно стручно угостителско училиште. На ваков начин многу полесно ќе се решаваат нивните проблеми, но и ќе имаат можност да посетуваат разни курсеви, семинари и да разменуваат искуства од областа на кулинарството со нивните колеги од странство.

Нас посебно ни е важна соработката со Охрид и охридските гастрономи бидејќи Охрид е еден значаен туристички предизвик  за цел свет и треба во него многу да се вложува. Посебно место треба да заземе гастрономијата, а за таа цел треба да се отворат нови стручни училишта да се даде примат на практичниот дел кој може да го спроведуваат и познати готвачи од странство, вели Адријана Алачки една од оснивачите на асоцијацијата „Гастромак“.

Македонија има добри гастрономи со кои може да се пофали и кои во светот се признати и наградувани. Еден од нив е и Бобан Симоноски кој неодамна се врати со повеќе освоени медали од гастрономскиот натпревар во Измир, Турција. Неговите јагнешки котлети биле наградени со злато. Тој вели дека македонсската кујна е многу барана во странските земји посебно оние стари традиционални специјалитети. Овој познат гастроном вели дека секој град во државава си е препознатлив по некој специјалитет и тоа треба да се задржи.

Во Охрид се знае специјалитет е рибата и тоа мора да се зачува. Не смее во рестораните да ја нема на мени. Таа треба да се подготвува на оној стар традиционален начин кој го нема на ниту едно друго место, вели Симоноски.

Симоноски покрај јагнешко многу сака да готви и риба и рибни специјалитети па во иднина има намера да посети некој од охридските ресторани и да направи една презентација како тоа го прави. Посебен предизвик му е охридската пастрмка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top