Кандидатот за градоначалник и советниците од ЛДП ќе го подобруваат квалитетот на живеење.
Барањата на граѓаните кои се пласираат при средбите со кандидатот за градоначалник и носителите на советничката листа ќе бидат разработени од нашите стручни служби и ќе бидат реализрани во текот на 4 години , рече Боро Павлоски градоначалничлкиот кандидат од ЛДП.
Тој истакна , во нивните програмски остварувања не се за декларативни изјави туку за вистински децентрализиран систем на локалната самоуправа.
Кандидатот за советник од нивната листа ,Спирко Николоски истакна дека како идни советници ќе се трудат од Охрид и Македонија да направат силен град и држава , но без силна економија и реален буџет тоа не можно рече Николоски.
Во изборната програма на ЛДП се зацртани голем број проекти. Ќе се усвојуваат нови урбанистички планови ќе се изменуваат и дополнуваат постојните, ќе се обезбедуваат брзи услуги за издавање одобренија за градби, развој на сите видови туризам, изградба на современ пазар и помежу останатите ќе се залгаат и за вистинска деполитизација на училиштат при избор на директор и вработувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град