Локалната самоуправа дополнително ќе ги изработува проектите по што ќе биде утврдено и колкави средства ќе бидат потребни.
Локалната со проекти за тампонирање на земјоделски патишта во Лескоец, Горно и Долно Лакочереј. Овие земјоделски патишта ќе се тампонираат во рамките на проектите кои ги финансира Бирото за рамномерен регионален развој. На последната седница на советот на општина Охрид беше изгласан предлог проектот за уредување и санација на патиштата за пристап до земјоделско земјиште, шумски и водостопански површини што според секретарот на општината, Димитар Спасески претставува појдовна основа за изработка на проект во кој ќе биде утврдена и потребниот износ на средства за негова реализација.
„За нас е најважно проектната апликација да е успешна, да биде позитивно оценета од оние кои треба да ги донираат средствата и на крајот на денот да ни ги одобрат средствата за да можеме неколку локални земјоделски патишта да ги тампонираме како што предвидува самиот повик. На крајот на денот успешните од неуспешните се одделуваат по она колку проекти реализирале, а неважно по која процедура. Секако секогаш почитувајќи го до запирка законот.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Бирото за рамномерен регионален развој секоја година финансира проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата. Годинешниот повик беше објавен минатата недела, а рокот за аплицирање со предлог проекти завршува на 1ви април.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град