Екологистите- кандидати за советници потсетија на уште еден горлив проблем

Одржаа прес конференција со симболичен почеток во 10 часот и 10 минути.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Кандидатите за советници од листата 10 посочија на уште еден голем, еколошки проблем во општина Охрид. Станува збор за нефункционалноста на колекторскиот систем и загадувањето на езерото кај   населбата Воска.

„Со години шахтите на магистралниот колекторски цевковод се излеваат и при наслаби врнежи од дожд “, тврди Борис Стојаноски- носител на независната листа.

Отпадните води, објаснуваат екологистите, се извор на бактерии и вируси. Го загадуваат езерото, но и здравјето на локалните жители. 

ekologistiЕкологистите апелираат проблемот што поскоро да се реши. Со помош на средства од меѓународни фондови да се изврши реконструирање на овој дел од колекторскиот систем.

„Се поплавуваат и нашите куќи, а надлежните никако да го решат проблемот“, кажува Тане Мојсоски, жител на Воска. 

Екологистите- кандидати за советници од листа број 10 за овој проблем говореа на прес- конференцијата со симболичен почеток во 10 часот и 10 минути. Со нашиот влез во советот на општина Охрид итно ќе го поставиме ова, но и уште многу други нерешени проблеми кои со години ги мачат граѓаните, велат екологистите.  При тоа ќе се залагаме за нивно што поскоро решавање.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top