Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев мора да биде подложен на операционен зафат, поради сериозните болки на палецот на левата нога.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев мора да биде подложен на операционен зафат, поради сериозните болки на палецот на левата нога.
Ова денеска го објави дневниот весник „Македонски спорт“, додавајќи дека повредата трае неколку недели, а Пандев настапува под дејство на инјекции, бидејќи неговото отсуство во овие моменти од Лацио би било катастрофа за клубот.
„Болките се огромни и постојано сум на терапии, а на секој меч играм под инјекци. Мора операција, а деновиве ќе одлучиме кога ќе се случи тоа“, вели Пандев.
Истакнувајќи дека едвај ја облекува копачката, Пандев додава дека лекарите дијагностицирале проблем со нервите на палецот.
„Болките се големи, но кога мора, мора да се игра. Сега сме во добра серија и имаме шанси дури и за место во квалификациското коло од Лигата на шампиони, а сме на добар пат и да влеземе во финалето од Купот на Италија“, рече Пандев.
Повредата на Пандев го става под знак и настапот за националниот тим за средбите против Норвешка и Исланд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град