Во рамките на проектот финансиран од ЕУ за „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на граничното управување, работата на полицијата со заедницата и борбата против организираниот криминал“, во текот на оваа недела во регионалниот центар на Граничната полиција – во Охрид ќе се одржуваат обуки за анализа на ризици во сферата на граничната контрола, како и за новиот концепт за управување со ризици.

Целта на проектот е да спроведе квалитетни обуки за гранично управување според востановените стандарди на ЕУ.
Обуките ќе бидат спроведени од страна на обучените полицајци, под водство и со поддршка на меѓународните експерти. Како што е најавено, во иднина ќе се организираат и редовни обуки за граничните полицајци на работното место.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град