Државен инспектор за животна средина во охридскиот регион сеуште нема

Општинските инспектри за животна средина имаат одврзани раце да постапуваат согласно законските прописи кога е во прашање заштитата на животната средина. Дупката која што постои во охридско-струшкиот регион за државен инспектор за животна средина, ја пополнуваат инспектори од Скопје, но тоа може да го прави и секој овластен државен инспектор, велат од Државниот инспекторат.

 |  Николоска Биљана  | 

Сеуште е празно местото на државниот инспектор за животна средина на охридско – струшкиот регион. Речиси две и пол години на тоа место не е назначена замена и покрај тоа што нашиот регион се води како посебно заштитено подрачје со повеќе природни реткости, вклучувајќи ја тука и заштитата на УНЕСКО. Државниот инспекторат е структуиран да делува регионално, но со законот имаат ингеренции да работат и делуваат на територија на цела Македонија поради нивниот статус, државен инспектор, појаснува државниот инспектор за животна средина од Подрачно одделение пелагониско југозападен регион, Зоран Димовски.

„Не можам да кажам дека кадровски сме екипирани добро, ниту пак дека имаме соодветен и добар распоред на инспектори по цела територија на Р Македонија. Во однос на охридско – струшкиот регион имаше инспектор за животна средина и заштита на природата, тогаш можевме да работиме со овластувања и двете работи сега веќе не, од тогаш не е назначен инспектор, со тоа што овој регион успешно го покриваат колегите од Скопје“.

Како што нагласи Димовски, охридско – струшкиот регион не е оставен непокриен од инспекциски надзор за животна средина. Тој вели дека општинските инспектори имаат право и обврски да постапуваат по одредени предмети кои се однесуваат на заштита на шивотната средина. Димоски екскузивно за ТВМ најави и новини во делот на ингеренции на инспекторатот за животна средина, односно дека инспекторите ќе можат да постапат по предмети по кои досега не можеле да постапуваат .

„Генерално, заштитата на Охридското Езеро, со оглед на тоа што е заштитено подрачје е под надлежност на инспектортот за заштита на природата, но исто така и под водостопанскиот инспектор, за некои елементи од законот за води, дури и државниот инспектор за животна средина но исто така и овластените инспектори на општините од споменатите Охрид и Струга. Можам ексклузивно да ви најавам, дека учествував во работната група за измена и дополнување на законот за води кои се во завршена собраниска процедура и за брзо време ќе бидат на сила, каде надлежноста на овластените инспектори и инспекторите за заштита на природата е многу проширена, за разлика од претходната верзија на Законот за води, каде тие беа многу лимититани во своето постапување“.

Димоски вели дека сите измени во Законот за води се прават во насока да се подобри состојбата со досегашното природно богатство кое го наследивме од нашите предци и успешно да го предадема на идните генерации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top