Продолжуваат едукативните трибини кои ги спроведува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На ред е Охрид.
Продолжуваат едукативните трибини кои ги спроведува Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На ред е Охрид.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за утре на 11-ти март 2016 година ја најавува четвртата во низа едукативни трибини наменети за младите, која овој пат ќе се одржи во Охрид.
На трибината планирано е да се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, како на пример велосипедите, ролерите, пешачењето и слично, можат да донесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Доплонителна тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност.
На трибината ќе се обратат Љупчо Ставревски, претставник на РСБСП; проф. д-р Никола Крстановски од Техничкиот факултет во Битола; Стефан Димоски, претседател на ОСБСП Охрид и портпарол на СВР Охрид и Сашо Ванчевски, генерален секретар на Велосипедска Федерација на Македонија (ВФМ).
Настанот ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Охрид, со почеток во 18:00 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град