Денес 11- месечниот Кирил Митрески кој треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“. После повеќе консултации со неврохирурзи и онколози од различни клиники семејството Митрески одлучи лекувањето на Кирил, наместо како што првично беше најавено да биде во Израел, да го продолжи во Турција кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек.
11- месечниот Кирил Митрески заедно со своето семејство замина во Истанбул во болницата „Аџи Бадем“ каде малиот Кирил треба да биде опериран од малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок кај реномираниот неврохирург д- р Мемет Озек.
Драги наши пријатели, сограѓани и граѓани на Македонија. Најпрво од срце ви благодариме за вашата несебична помош, хуманост и љубов. После многу консултации со многу клиники (Израел, Германија, Велика Британија, Швајцарија, Австрија) и многу доктори неврохирурзи и онколози решено е лекувањето на Кирил да се спроведе во Турција во болницата Аџибадем од страна на проф. д-р. Мемет Озек, напиша таткото на Кирил на неговиот профил на Фејсбук.
Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија вчера изјавија дека ќе ги покријат трошоците за операцијата, но лекувањето на Кирил ќе продолжи и после оперирањето. Средствата донирани од граѓаните ќе бидат искористени за покривање на трошоците за понатамошното лекување, бидејќи ова е само првата фаза од борбата со тешката болест.
Инаку продолжуваат хуманитарните активности на охриѓани за помош на малиот Кирил. Во Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид, охридскиот Народен театар утре хуманитарно ќе ја изведе театарската претстава за деца и младинци „Убавицата и ѕверот“ од Шарл Перолт, во режија на Ѓорѓи Ризески. Досега се одржаа неколку концерти, настани индивидуални иницијативи и свирки за помош на малиот Кирил. Сеуште оние кои сакаат да помогнат можат да донираат на денарската сметка – Кирил Митрески: 370006305464561 при Еуростандард банка АД Скопје, или нека го завртат телефонскиот број 070 143 153 со што преку Македонски телеком се донираат 100 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град