Кружниот тек на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ добива дополнително естетско и функционално осветлување. Градежните работи, пак , на кружниот тек на пресекот на Туристичка со улица „Абас Емин“, се во напредна фаза.
Се изведуваат финалните работи на кружниот тек на бул „Туристичка“ на пресек со ул „Македонски Просветители“. После хортикултурното уредување се работи на естетско но и засилување на функционалното осветлување на просторот. Во моментов помалиот и поголемиот кружен тек се осветлуваат со нови илуминации во јадрата на централните кругови, но подоцна во рамки на постоечките електрични столбови ќе биде поставено дополнително улично светло информира, портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески.
„Ќе бидат поставени 9 електрични светилки со моќност од 50 вати имајќи предвид дека во моментов се поставени 9 светилки на централното јадро на примарниот круг на оваа крстосница, значи ќе имаме максимално осветлување од 900 вати. “
Градежните активности на кружниот тек на бул. „Туристичка“ на пресек со ул „Абас Емин“, се во напредна фаза вели Танески.
„Охридските ЈП „Нискоградба“ и „Водовод“ ги завршија своите активности и во моментов се работи на централниот круг на оваа раскрсница, изведувач е ИВ Стил Градба, значи во моментов овој градежен овјект е доведен до фаза на асфалтирање“.
Танески информираше дека вредноста на договорот кој што општина Охрид го има потпишано со изведувачот изнесува 3 507 449 денари, но тука треба да се додадат и средствата кои што општина Охрид ги одвои од сопствен буџет за 2016 за градежните активности кои ги вршат охридските ЈП.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град