Хармоникашот Даниеле Инџози и пијанистот Џовани Вале, вечерва пред охридските љубители на класичната музика ќе одржат концерт.
Хармоникашот Даниеле Инџози и пијанистот Џовани Вале, вечерва пред охридските љубители на класичната музика ќе одржат концерт.
Музичката вечер ќе ја посветат на аргентинскиот композитор Астор Пјацола, а ќе свират и композиции на познат италијански композитор.
Италијанските музичари и уметничкиот директор , Емилија Маринова се договориле за овој настап на музички фестивал во Рим. Инџози и Вале воопшто не се двоумеле да ја прифатат понудата и за прв пат да гостуваат во Охрид . Младите италијански музичари не го кријат задоволството од идејата за музичка соработка помеѓу двете земји.
Фестивалот „Охрид те сакам “ е востановен во мај 2008 година. Досега, настапи со целовечерни концерти имале 9-мина врвни италијански и македонски музичари. Уметничкиот директор на фестивалот, Маринова ги открива и идните планови. Во наредните два месеци секоја среда, во Охрид ќе концертираат италијански музичари кажува таа. Во рамките на фестивалот пијанистот, Џовани Вале ќе одржи и семинар. Маестро Вале ќе работи со 12 ученици по пијано од музичките училишта од земјава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град