Екипите на ЕВН Македонија открија 70 кражби на електрична енергија во охридско-струшкиот регион. Софтверското следење на кражбите и анализите на терен им помогнале на тимовите на ЕВН Македонија и полицијата прецизно да ги откријат овие неовластени користења на електричната енергија, информираат од ЕВН, Македонија. Во 2015 год донесени се правосилни одлуки за две затворски казни, а поднесени биле 900 кривични пријави.
Зголемен бројот на кражби на струја во 2015 година во споредба со претходната. Тоа го покажуваат статистичките податоци на ЕВН Македонија. Според нив во 2015 год откриени се 1136 кражби за неовластено користење на електрична енергија. Околу 70 кражби од нив се територијата на охридско-струшкиот регион, за ТВМ обелодени портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески. Над 80% од кражбите биле откриени кај домаќинствата но голем е бројот на кражби и кај бизнис корисниците, додава Ковачевски. Додека пак за тековнава година за месец јануари во Охрид се откриени 10 кражби а во соседна Струга 8, станува збор за комплетирани кражби.
„Најмногу од кражбите се извршени со директно поврување на дистрибутивната мрежа без согласност на дистрибутерот на електрична енергија, па следуваат непријавените броила и манипулациите на мерните уреди. Анализите на компанијата покажуваатр дека манипулациите на мерните уреди се во пад како и кражбите воопшто, затоа што мерките на ЕВМ и МВР како и соработката со чесните корисници даваат позитивни резултати. Само да кажеме дека во 2015 год ЕВН Македонија и МВР поднесоа кривични пријави за 900 крадци на електрична енергија во минатата година се решени 700 предмети во кои се вклучени и предмети кои неколку години се решаваат во судските органи“.
Ковачески информираше дека ЕВН користи најсофицистирана опрема и методи за откривање на кражбите. Податоците од мерните уреди на испорачаната енергија споредени со она што е факурирано како потрошена енергија ја откривало кражбата кај корисниците, вели Ковачевски.
„Анализата ако покаже дека сме испорачале повеќе а е наплатено помалку тоа укажува на кражба на енергија. Исто така специјализираната опрема ни помага да ги откриеме и директните приклучувања на мрежата, што еден од начините на кој корисниците нелегално користат енергија. Инаку новите броила ги бележат сите податоци па и податоците на неовластено било какво манипулирање со броилата а не е дадено налог за работа од ЕВН Македонија“ -вели Ковачевски.
Загрижува податокот на самоволното приклучување на системот, од корисници, кои поради, неплатени сметки и покрај опомените, не ги помириле истите не само во охридско – струшкиот регион туку и на целата територија на земјава, информира Ковачески. Додава дека и тоа е прекршок кој судски се третира. Точно тоа претставува најголем проблем посебно во зима, бидејќи најчесто станува збор за нестручни манипулирања со мерните уреди и се ставаат во енергетски објекти кои не се изолирани и при ниски температури и зголемена потрошувачка често предизвикуваат пожари во мерните ормари и тоа е опасност и за околината и за сите корисници. Крадци се најчесто првите комшии и роднини кои за стекнување на сопствена корист во опасност ги доведуваат и безбедноста на сите во близина на кражбите но го доведуваат во опасност и дистрибутивниот систем и воопшто околината.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град