Лошата состојба во струшките основните училишта ќе се преслика и во средните оваа година, поради намалените блок дотации од државата, сметаат од секторот за образование при општина Струга. Најмногу тоа ќе се одрази во делот на набавка на нафта за греење како и во превозот за учениците.
Владата на Р. Македонија продолжува да ја деградира општина Струга во насока на инвестиции во образованието, велат од секторот за образование при општина Струга. Струшките гимназии второто полугодие го започнаа со намалени блок дотации за 62 000 евра. Како што информираше раководителот на Секторот за образование Сурија Рашити тоа било предвидено со државниот буџет за 2016 год.
„Секако дека ова ќе има големи последици по средните училишта бидејќи средствата во висина од 62 000 евра не се малку, кои ќе остават големи последици за нормално функционирање на овие училишта знаејќи дека тие и така едвај се одржуваат со овие блок дотации што ги имаме. Последиците ќе бидат по набавката на нафтата за греење и транспортот“.
Струшките училишта се соочуваат со сериозни проблеми не се само малите блок дотациите кои ги добиваат од државата туку и лошите услови во некои од училишните објекти. Рушити вели дека во моментов не може да се размислува за поголеми инвестициони зафати.
„Потреби има многу, речиси секое у чилиште има по некоја потреба, ги нема основни потреби нема санитарни чворови, нема сали, полигони за спорт има училишта кои сеуште се греат на дрва, недостасува прозори, врати, што делува во енергетската ефикасност на училиштата“ – вели Рашити.
И од гимназијата „Ибраим Темо“, потврдуваат дека имаат проблеми со долгови и дека се подлабоко тонат. Од таму сметаат дека ова ќе се одрази многу негативно во одржувањето на училиштето, бидејќи едно општество што не инвестира во училиштата и во едукативните и образовни процеси тоа ќе има одредени негативности во иднина не само во одржувањето на училиштата туку и во реализирањето на образовниот процес. Како што е познато родителите бараа дислокација паралелките од старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ во друга училишна зграда или санација на постоечкиот објект, заради лошите услови во кои се одвива образовниот процес.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град