Две пештери во НП „Галичица“, кријат голем потенцијал за развој на спелео туризмот. За жал малкумина знаат дека и во охридскиот регион постојат вакви природни реткости, кои би можеле да привлечат голем број на туристи, пред се љубители на природата. Охридските спелеолози откриват можности за развој на овој вид туризам.
Охрид има можности за развој на спелео туризам. НП „Галичица“ кој е распространет помеѓу Охридското и Преспанското Езеро, овозможува формирање пештери. Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници со сунѓереста структура и голема порозност. Александар Булески спелеолог од клубот Ботом Тајм, вели дека низ светов постоеле многу пештери кои биле претворени во туристички спелеолошки локалитети. Тие обично биле хоризонтални, достапни, лесни за шетање, добро обезбедени, осветлени, а имало и вертикални за кои пак туристот треба да има познавање на техника со јаже за да може да се движи низ нив. Тој смета дека спелеологијата и туризмот се поврзани и дека Галичица е добара подлога за спелео туризам. Таму веќе имало безбедни пештери како што е „Самотска дупка“, која би можела да бидат дел од добра туристичка понуда, но според размислувањата на Булески за нив малку се знаело и биле слабо се посетени, од за него непознати причини
„Промоција ни треба многу поголема бидејќи не знам дали некој воопшто слушнал дека имаме осветлена пештера пристапна, безбедна. Јас прв пат таа пештера ја имам посетено од час по физичко во гимназија, не носеа професорите по физичко и географија и тоа беше дел од тоа што се роди љубов кон спелеологијата, но сега веќе има осветлување во неа и секако би можело да се работи на туризмот со таа пештера“ – вели Булески.
Булески открива дека пронашле уште една пештера која заслужува да биед посетена и да биде промовирана. Таа била во Трпејца во близина на патот, била убава, лесна, хоризонтална имало и пештерски украси. Неговиот колега Никола Паскали, кажа дека спелеологијата во охридскиот регион е нова гранка. Во минатото немало спелеолошки клуб ниту пак спелеолози кои истражувале пештери на оваа територија. Тој смета пештерите во Галичица со мали корекции би можеле да се понудат по туристичките агенци, нормално во соработка со НП Галичица и Локалната самоуправа на Охрид. Додаде дека тоа може да успее само ако се сака и ако се има добра волја. Паскали се осврна и на ризикот кој постои за време на посетата на спелеолошките локалитети.
„Во Матка минатата година кога бевме на експедиција бидејќи таа пештера е поврзана со браната што е на Матка и кога ќе се испушти водата се намалува водата на реката почнува да влегува вода во пештерата Врело а водава не излегува прави обратна насока влегува во внатрешноста и се заматува, лани имавме таква случка, затоа ние нон стоп тренираме за да се снајдиме во такви ситуација. На некаде 100м должина во пештерава ни се замати, видливост имаше помалце од метар, но ние вежбаме и безбедно се врартивме дома“
Сепак спелеолозите напоменуваат дека пештерите кои важат за природно богатство и реткост, треба да ги посетуваат посебна група на луѓе, кои пред се се љубители на природата, кои сакаат да осетат адреналин, бидејќи сепак станува збор за екстремна околина под земја но фитбекот бил незаменлив.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град