Се здружија партиите ПЕИ и Охридските ограноци на Партијата на Еѓипќаните и ПДП.
Денес потпишаа меморандум дека на престојниве избори ќе имаат заедничка листа. „За овој потег се одлучивме со цел да ги спречеме манипулациите за гласови со ситни пари“ со ова население рече Фијат Цаноски претседател на ПЕИ.
На локалниве избори партијата на Фијат Цаноски, ПЕИ ќе биде во коалиција со Општинските организации на Партијата на Еѓипќаните и Партијата за демократски просперитет, рече првиот човек на ПЕИ. Овие три партии имаат заедничка советничка листа. „Знаеме што се случуваше минатите избори посебно со Еѓипќаните. Овие луѓе се големо гласачко тело во Охрид. Има околу 2000 гласачи па поради тоа партиите трчаат по овие гласови, рече Цаноски.
„За прв пат се обединивме во поширок состав“,рече претседателот на Општинската организација на партијата сојуз на Еѓипќани.
„За нашата програма можат да гласаат сите кои мислат дека нашата проограма е добра за иднината на Македонија“, рече претседателот на ОО На ПДП.
„Докажавме дека помалите партии можат да се здружат а со тоа да бидеме битен фактор во Општина Охрид. На престојниве избори очекуваме преку 3000 гласови и мислам дека ќе одлучуваме за првиот човек на Охрид, рече Цаноски.
(Фијат Цаноски – претседател на ПЕИ)
Првиот човек на ПЕИ рече дека оваа коалиција може дапрофункционира и за парламентарните избори, а на следните избори можеби и ние ќе имаме кандидат за грдоначалник, рече Цаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град