Човечки фактор најверојатно причина за појавата на нафтената дамка наспроти Инекс

По извршениот увид и земените мостри од водата и почвата од самото место, уште во текот на вчерашниот ден било констатирано дека дамката не претставува било каква опасност по луѓето и животната средина.

 |  Мишел Наумоски  | 
nafta

Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност воопшто не постои.

naftena damka„Она што како СВР Охрид го направивме е криминалистичко-технички увид, односно криминалистичко-техничка обработка, ние зедовме примероци од водата, и земјиштето на тоа подрачје и оваа наша активност ја спроведовме во консултација со јавниот обвинител, добиени се насоки од јавниот обвинител за одредени активности, и информиран е јавниот обвинител веднаш после нашето враќање од терен и завршувањето на увидот. Првичните сознанија упатуваат на човечки фактор, односно ние ја разгледуваме можноста за несовесно однесување од одредени луѓе и тенденциозно испуштање на нафта на ова подрачје.“-вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски информира дека доколку се потврдат нивните првични индиции ќе постапуваат по инструкциите и насоките на јавниот обвинител. Командантот на Штабот за заштита и спасување, Ангел Јанев, со апел во пресрет активностите за годинешната туристичка сезона.

naftena damka kaj Ineks„Би сакал да апелирам се она што е во корист на една прекрасна, успешна туристичка сезона од една страна, поврзана со Охридското Езеро и се околу него, и од друга страна за еден чист еколошки живот, еколошка средина, да внимаваме малку повеќе на се она што може да биде причина за загадување како на земјата, така и на водата во и околу Охридското Езеро. Ова го кажувам во насока на тоа дека постојат индиции дека причината за ова незначително загадување претставува човечки фактор.“-рече Јанев.

Инаку во врска со информациите објавени во некои медиуми дека нафтената дамка се наоѓа на имот од хотелот Инекс Горица кој се наоѓа во непосредна близина. ТВМ Телевизија го исконтактира менаџментот на хотелот и од таму само кусо информираат дека тие немаат сопственост над земјиштето каде е појавена нафтената дамка а за истата дознале од медиумите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top