Министерството за Транспорт и врски го затвори јавниот повик за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Сега посебна жири комисија составена од преставници од министерството од архитекти и од преставници на Локалната самоуправа во Охрид ќе ги разгледуваат идејните решенија после што ќе одлучат кое е најприфатливо.
Заврши конкурсот кој го распиша Министерството за Транспорт и врски за идејно решение за изградба на градска марина во Охрид. Од министерството информираат дека пристигнати се седум идејни решенија од архитекти и проектантски куќи од повеќе градови во Македонија. Во огласот, Министерството бараше идејни решенија за две можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Посебна жири комисија составена од преставници од министерството од архитекти и од преставници на Локалната самоуправа во Охрид ќе ги разгледуваат идејните решенија после што ќе одлучат кое е најприфатливо во зависност од тоа дали ќе се реализира првата опција, односно изградба на нова марина кај каналот или надградба на градското пристаниште. Марината која би се градела кај каналот “Билјанини Извори”е една комплетна и комплексна целина па идејното решение треба да ги содржи сите оние пропратни објекти како бензиска пумпа, портален кран, административна просторија и друго. Доколку пак пристигнатите идејни решенија покажат дека порационална и подобра е опцијата за надградба на градското пристаниште таа надградба би опфаќала пред се изградба на двата неопходни краци за да биде затворено пристаништето, а со тоа заштитени и пловните објекти и истото би прераснало во една комплетна и функционална целина. Сите заинтересирани изработувачи на идејни решенија за изградба на градската марина првично имаа рок за доставување на своите решенија до 29 јануари 2016та година, но истиот беше пролонгиран до 12ти февруари поради сложеноста на изготвувањето на идејното решение. Во огласот, од изработувачите се бараше иновативност и оригиналност, изводливост на решенијата, пристапност на локација за лица со посебни потреби, вид и квалитет на материјалите и нивна трајност какко и читливост на идејата за проектот. Трите најдобри идејни решенија по ранг ќе добијат и парични награди во висина од 120 илјади денари за првото место, 100 илјади за второто и 80 илјади за третоизбраното идејно решение.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град