Бакрачески: Свлечиштето во Даљан ќе се санира

Опасното свлечиште што го предизвика надојдената река Даљан, ќе се санира. Првиот човек на градот информира дека веќе во изработка е стратегија за преземање на соодветни мерки за надминување на опасноста а примарно во наредните 4 дена ќе бидат санирани штетите и ќе биде овозможена безбедност на пешаците и возилата кои го користат овој пат. 

 |  Николоска Биљана  | 

 

Локалната самоуправа прави стратегија за преземање мерки за санација на свлечиштето на Даљан, обелоденува градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи на новинарско прашање на ТелевизијА ТВМ. Бакрачески појасна на што се должи ваквата состојба. 

„Во текот на изминатите два месеци кога имавме услови на невреме и кога беа поплавени поголеми подрачја на градот беа преземени мерки со кои што сакавме да ги отстраниме последиците од поплавите меѓу кои и проширување на речни корита а едно од нив беше и на реката Даљан каде што експертите кои се занимаваат со оваа област претпоставија дека проширувањето на коритото ќе овозможи истек на поплавените подрачја и претпоставувам дека тоа понатака предизвика можност за одрони за патот и оштетување на дел од коловозот на тој дел на градот“- вели Бакрачески.

Бакрачески вели дека и покрај тоа што овој пат е на периферија од градот, тие како одговорна Локална самоуправа, ќе преземат се што е во нивна надлежност и час поскоро да го надминат проблемот и опасноста на тој дел од патот.

„И покрај тоа што не е фрекфентен дел од градот и не сообраќајат многу возила на тој дел на градот претставува потенцијална опасност за минувачите и се надевам дека во наредните 3-4 дена примарно ќе бидат санирани штетите кои ќе овозможат безбедност на пешаците и на возилата кои се движат на тој дел од градот“ .

Инаку како што ТВМ информираше опасното свлечиште на патот кај Извидничко, односно асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“, е алармантна. Реката Даљан, го поткопува овој потег ја нагризува асфалтираната површина, создава брза ерозија, поткопување на горниот слој од површината, а претстои и сериозна опасност од лизгање на патот и да нанесе сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот одред и хотелот Даљан

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top