Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид

Додека реката Даљан речиси и да го проголтува патот кај Извиднички Центар, надлежните досега не мрднале со прст. Овој пат не само што е потенцијална опасност за возилата туку и за луѓето кои се движат кај хотелот „Даљан“. Исто така доведено е во прашање и работењето на хотелот, бидејќи кој гостин ќе дојде во хотел поминувајќи низ опасен пат кој во секое време може да пропадне.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Опасно свлечиште на патот кај Извидничко, Охрид. Состојбата со асфалтираниот пат пред хотелот „Даљан“, е алармантна. Реката Даљан, го поткопува овој потег ја нагризува асфалтираната површина, создава брза ерозија, поткопување на горниот слој од површината, а претстои и сериозна опасност од лизгање на патот и да нанесе сериозни проблеми по безбедноста на возилата и луѓето кои се движат кон Извидничкиот одред и хотелот Даљан, алармира управителката на хотелот Славица Стефаноска.

„Веќе еден месец кај што е известен Фондот за патишта и комунален развој за состојбата која што беше во многу поблага форма отколку сега, бидејќи со дождовите речната ерозија продолжува и се повеќе и повеќе го влечи патот и постои сериозна опасност некој да пропадне. Значи ги известивме и писмено и лично бев неколку пати да укажам на опасноста, ја известивме сообраќајната полиција дека патот е небезбеден за движење на возилата, известена е и Дирекцијата за кризи, но сеуште ништо не се презема“ .

Стефаноска проговори и за еден друг аспект, односно како на прагот на туристичката сезоната би можел еден хотел да работи без пристапен пат.

„Навистина нашата работа е доведена во прашање бидејќи по патот не е безбедно да се движи кола а камо ли да пристигни комбе или автобус. Значи останавме без пат, бидејќи не е само она што се гледа, полошата  ситуација е што паркингот кој е на патот е поткопан одоздола како една огромна пештера така да прашање е само кое возило ќе помини малку потешко да пропадне во реката со се асфалтот и патот“.

Стефаноска смета дека ваквата состојба е последица на неправилното чистење на коритото на реката Даљан. Таа пренесува дека на местото каде што не било потребно била направена кривина, така што реката удирала под прав агол и го ерозирала земјиштето. Исто така од тежината на машините била пукната и главната цевка за вода но за среќа од Р.Е. Водовод Охрид веднаш интервенирале и ја санирале штетата. Овој пат е единствениот до хотелт и извидничкиот одред. Вчера во посета на ова свлечиште биле претставници и претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски. Од таму сметаат дека потребна е итна средба и координација со градоначалникот и надлежните служби во локалната самоуправа, јавните претпријатија, полицијата и на другите институции со цел брзо и ефикасно стопирање на процесот на лизгање и физичко разорување на патот пред хотелот, кај Извиднички центар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top