Новите сметки на ЕВН ги збунија корисниците

Новите фактури за потрошена електрична енергија со променет дизајн, ги збунија корисниците на услугите на ЕВН Македонија. Потрошувачите најмногу реагираат на вкупниот износ  кој треба да го платат, бидејќи како што велат кај старите сметки сумата за заостанаиот долг и сумата за потрошена електрична енергија за тековниот месец биле одвоени.

 |  Николоска Биљана  | 

 

На почетоков на годинава ЕВН Македонија ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија на своите корисници. Новите фактури, како што информираа од ЕВН, имаат поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. Но за дел од корисниците новиот дизајн на факрурите е сосема нејасен, неразбирлив. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека покрај хроничниот проблем на долго чекање со часови пред наплатниот пункт на ЕВН и прескапата тарифа за потрошена електрична енергија, ова било капак на се.

„Сепак мислам дека не е реална како што треба лично да видиш колку си потрошил, толку да платиш, се е измешано, прва, втора, ноќна, дневна.  Што е ова ЕВН толку да зема каде ќе најдеме толку пари, многу е скапа струјата. Сега ништо не разбираме, види што ни направија. Сега влегов внатре бев и вчера гужва голема, овде не се знае еден работи еден не ако немаат нека вработат а не да чекаме по три – четири саати. Сега многу повисока ми дојде, скоро 4 000 денари, незнам многу е а со дрва се грееме, јас се чудам што прави државава не мисли за сиромавиот само лапа државава. Со старите помалку плаќавме сега повеќе плаќаме ние. Што знам и така и така но гледам сега многу големи редици се создаваат само тоа можам да ви го речам, чекам повеќе од еден час, за една сметка и висока е еве 5000. И да имаме висока сметка мора да си платиме никому ништо, тоа е“ – велат граѓаните.

Исто така како дел од забелешките на граѓаните е и фактот дека во новите јануарски сметки отчитан е период од  40 дена што пак дополнително допринело фактурата да биде повисока од вообичаената.
Во новите фактури кои корисниците веќе почнаа да ги добиваат наведени се, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и новите состојби и други дополнителни информации, се тоа вкалкулирано заедно во еден краен износ, не толку јасен за обичниот граѓанин.
Се обидовме да стапиме во контакт со портпаролот на ЕВН Македонија но до затворањето на Дневникот не успеавме да добиеме одговори од Атанас Ковачевски.
Корисниците на услугите на ЕВН единствено, позитивно гледаат на информациите од фактурата каде има детално објаснување за  просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top