Завршна екскурзија во Будимпешта и Виена

Учениците  од средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј ќе одат на завршна екскурзија во Будимпешта и Виена. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Средното општинско стручно училоште „Св. Кирил и Методиј за прв пат од неговото основање организира завршна екскурзија. Вчера излезе и јавниот повик за прибираење понуди од туристичките агенции. Комисијата која е формирана и која ќе е задолжена околу организацијата на екскурзијата треба да ја одбере најповолната понуда. Според претходно извршената анкета на учениците тие ќе патуваат на дестинација Будимпешта- Виена.

Ми се чини дека посетата на едно место е попродуктивно и поефикасно отколку посета на повеќе градови бидејќи на тој начин децата најголемиот дел од времето ќе го поминат во автобус, патувајќи. Вака ќе имаат можност подобро да се запознаат со знаменитостите на овие два града, вели Костоска.

Според правилникот за екскурзии во срдното образование завршните екскурзии предвидено е да се изведуваат или на почетокот на четврта или на крајот на трета година. Според мислењата на учениците и на наставниот кадар подобро е екскурзијата да се реализира во третта година бидејќи временските услови во пролетниот период се попогодни, а и учениците тогаш не се толку оптоварени со обврски како во четврта година кога треба да полагаат екстерно уште на полугодие, а на крајот од годината матура. Досега изведени се сите активности за спроведување на оваа екскурзија како на пример мислење од советот на родители, мислење од бирото за развој на образование и  училишен одбор. Околу 100 ученици се заинтересирани за да одат на оваа завршна екскурзија, а вкупно во ова средно стручно училиште им 135. Директорката вели дека ќе направат напор и останатите да патуваат заедно со своите соученици.

Ќе се обидеме преку локалната самоуправа и преку бизнис секторот да обезбедиме средства за оние деца кои се во незавидна материјална состојба за да можат и тие да одат на оваа екскурзија бидејќи сите деца го заслужуваат тоа, вели Костоска.

Директорката на училиштето кажува дека тие и оваа година нема да организираат матурска екскурзија. Остануваат на класичниот начин на прославување на матурската вечер. За тоа допрва ќе се одлучува каде ќе се слави и во кој угостителски објект. Треба да се побараат понуди кои ќе се разгледаат од специјална комисија и ќе се избере најдобрата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top