• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Доделени стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образованиe

Доделени стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образованиe

Доделени 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. Ова е дел од проектот на локалната за доделување стипендии на талентирани ученици. Стипендистите рекоа дека се задоволни од ваквиот гест на Локланата и градоначалникот и дека ова за нив е поттик за уште поголемо залагање, но и едно олеснување за буџетот на родителите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Денес Локалната додели 85 стипендии на талентирани ученици од основното, средното и високото образование. 40 од нив се за основците, 35 за учениците од средните училишта и 10 за студентите. Вредноста на сите нив изнесува 1 174 500ден. За средноошколците и основците се издвоени 1 012 500 ден, а за студентите 162 000 ден. Овие суми се за 80% повисоки од минатата година. Основците ќе добиваат по 1500 ден. месечно и тоа за време од девет месеци, а средношколците и студентите по 2000 ден. Александар Грунчески кој е ученик во деветто одделение во ОУ „Христо Узунов“ по трет пат добива ваква стипендија од локалната.

Ова е голем мотив за мене во иднина да се залагам уште повеќе. Благодарност и до професорите кои ме поттикнаа да учам што повеќе и да постигнувам солидни резултатаи, вели Грунчески.

И средношколката во ОСУ Св. „Климент Охридски“, Ана Бојаџиева е горда што е стипендист на локалната.

Ова е поттик за уште поголемо залагање, но и едно олеснување за буџетот на родителите. Благодарност до градоначалникот Никола Бакрачески што го цени и вреднува нашиот труд, рече Бојаџиева.

И родителите се задоволни од ваквиот гест на градоначалникот и локалната.

Средствата можеби за некого се малку а за некого се многу но тоа не е мнајважно. Најважно е што децата на ваков начин се стимулираат за да постигнуваат уште повеќе успеси во иднина, вели Настоска.

Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека ова е дел од проектот на Локалната за доделување стипендии на талентирани ученици. Тој додаде дека го исполнуваат ветувањето дека тие средства од година во година ќе растат.

Знам дека овие средства не се многу големи, но ви ветувам дека ќе се потрудиме до година тие да се зголемат. Но мислам дека поважен момент од финансискиот е тоа што ние како Лолална власт ја пратиме вашата работа и постигнатите успеси и за нив сакаме да ве наградиме. Продолжете вака и понатаму и зголемувајте го вашето знаење за да постигнете успех во животот, рече Бакрачески.

Праксата за доделување стипендии ќе продолжи и во иднина на општо задоволство и на локалната и на учениците и родителите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top