Шанса за младите земјоделци

Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери.

 |  Голабовски Крсте  | 
земјоделци

земјоделциАгенцијата за поддршка и развој на земјоделството, објави оглас во кои е наведено дека сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а немаат наполнето 40 години, ќе може да аплицираат за Субвенции за млади фармери.

Од Агенцијата објаснуваат дека за оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци.

Огласот за млади земјоделци ќе трае еден месец, а барањата се доставуваат електрински. За сите информации, младите земјоделци можат да се обратат во Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top