Брачниот пар Ѓеорѓиески останува без покрив над главата

Скоро без никакви примања, тие веќе неколку месеци не можеле да платат кирија за нивниот престој. Бараат помош од хуманите сограѓани, но и институциите и фирмите од градов за да не останат на улица.

 |  Мишел Наумоски  | 
socijalen slucaj

Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е невработена, а до пред пет дена и тој бил невработен.

Georgieski Вели „Ќе сработев нешто што ќе најдев, земи нешто денеска, 500-600 денари, купи еден литар масло и два леба, и другиот ден пак немаш“. Пред неколку дена успеал да најде некаква работа, но вели додека дојде време да земе плата, тие веќе ќе бидат на улица.

„Не знам ни јас. Не знам кај ќе одам, што имам ќе соберам и ќе застанам на улица некаде. Не знам кај ќе одам да ти кажам искрено. Не знам кај би отишол, кај би се обратил. Кај и да одиш денеска таква е ситуацијата да му се помолиш некому не може да ти помогне, од финансиски причини не може да ти помогне и да сака.“-вели Сашо Ѓеорѓиески.

socijalen slucajСашо вели дека пред извесен период додека биле и двајцата невработени земале и социјална помош, но кога добил привремено вработување и таа му била укината. Сега вели дека треба да чека шест месеци за да може повторно да аплицира. Патот на очајот ги однесол и во акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Пополниле формулари за социјален стан, но им рекле дека тешко одат работите, бидејќи има многу луѓе кои бараат таква помош. Одговор ќе добиеле после два месеци, ако и воопшто добијат. Ѓеорѓиески преку нашата камера со апел до оние кои би можеле да му пружат рака на помош.

bracen par Georgieski„Јас како прво би се обратил до општинава, ако може општината, бидејќи имам едно местенце, 150ина квадрати, не е многу ама за нас тоа ќе биде многу големо и многу убаво ако општината ни помогне да ни извади дозвола, да ни даде дозвола да го направиме тоа ние и некој од фирмиве што се појаки, што сакаат, знам дека сите не би сакале, ама има некој јас мислам што би помогнал, со материјал ете, пари не бараме од никого, материјал нека помогнат, кој колку има, 50 цигли, 100, некој песок нека донесе материјалот, ако може една соба и едно купатило колку јас и жената да се прибериме тоа ќе ни биде од голема корист.“-рече тој.

Ѓеорѓиески вели дека дури и кога хуманите охриѓани би му излегле во пресрет за ја направи таа толку мала, а за нив голема соба, сепак ќе мора некаде и привремено да се сместат, вели дека со болната сопруга не можат да бидат на улица. Прашува што да избере прво…здравјето на неговата сопруга, кровот над главата или празниот стомак. Во страв дека во секој момент ќе чујат тропање на вратата кое ќе ги остави на улица, Сашо и Гина Ѓеорѓиески не испратија од нивниот дом, во страв и со надеж дека нивните хумани сограѓани, можеби ќе им помогнат да добијат кров над главата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top