Локалната самоуправа ќе ги реши наталожените долгогодишни комунални проблеми на жителите од улиците „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“, во Охрид. Тоа е зацртано со тригодишната развојна програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, 2015 – 2017 год.
Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год.
„Согласно плановите и проекциите на Локалната самоуправа односно Секторот за комунални дејности, во блиска иднина планирана е реконструкција на атмосферската канализација а по средбите што ги имаме со претставниците на УЗ Видобишта и МЗВелгошти кон кои што гравитираат овие делови од улиците како барање до нас беше доставено барање за ново улично осветлување“.
Танески најави дека со подобрувањето на временските услови ќе отпочнат со поставување на нови улични мрежи за осветлување кои им ги ветиле на граѓаните, па так планираат и овој проблем за брзо време да биде надминат.
„Во рамки на договорот кој што го има општината со ЈП „Охридски Комуналец“, за чистење на реки и речни корита и диви депонии на територијата на општина Охрид, ќе биде постапено и по ова барање на претставниците на месните и урбаните заедници што значи дека депониите на овој потег ќе биде целосно санирана, очекуваме во најбрзо време градежната оператива на Охрдски Комуналец да излезе на тере и да ја разреши оваа новонастаната проблематика во градов“
За надвиснатата опасна ограда на дел од ул „Живко Чинго“, која претставува потенцијална опасност за возилата и воопшто за безбедноста на сите кои поминуваат во тој дел, Танески за одговор не упати да се обратиме до општинскиот инспекторат кој има надлежност да постапи согласно законските прописи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град