СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА ПРЕСЕКОТ ОД „ТУРИСТИЧКА“ И „АБАЗ ЕМИН“

Во тек се  активностите  за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“.

 |  Голабовски Крсте  | 
крузен

Во тек се  активностите  за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“.

Во  завршна фаза е изградбата на новата атмосферска канлизација за одводнување на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори.Истовремено,јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна,атмосферска и фекана канализација .
крузенДијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе има две сообраајни ленти со широчина од 5 метри.

Изведувач на градежните активности е градежната фирма „ИВ-Стил Градба“ од Охрид. Проектот  се реализира  со средства од Буџетот на Општина Охрид и неговата вредност е 3.428.800.
 
Наредниов период  се очекува да започнат и  активностите за изградба на кружната крстосница на прескот на булевар „Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ со што ќе се заокружат градежните активности на локалната самоупарава во оваа насока.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top