„Не сме виновни за испишувањето на спомен – одбележјата. Сторителите на овој вандалски чин се од другите политички партии, а се обидуваат вината да ни ја префрлат нам“, велат од велат од Унијата на Млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Тие денес ги исчистија бистите.

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ строго се оградува од вандалскиот чин со кој беа испишани со графити бистите на Ибрахим Темо и Дервиш Хима.
„Сторителите на ова дело се од други политички партии кои сакаат вината да ни ја префрлат нам“. „Некои луѓе неможат да ја прифатат нашата идеја за заедничко живеење и се обидуваат да не обвинат нас“, вели Златко Шулоски, претседател на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.
Членовите на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, денес спроведоја акција со која ги исчистија бистите. Сторителите треба да се фатат и да сносат одговорност, вели Шулоски.
Кандидатот за грдоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Славко Котевски и нашиот тим се залагаат за културно издигнување на Струга и мултиетничкото живеење, како единствен начин да се врати сјајот на градот, вели претседател на унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град