Поплавен влез од дуќан на ул Туристичка. Сопственикот револтиран на надлежните, побара проблемот да се реши бидејќи како што нагласи 7 години се соочува со овој проблем а редовно си ги плаќа комуналните давачки за одведување на атмосферската вода.
Поројниот дожд кој од утринава го зафати Охрид поплави и блокира влез пред дуќан на ул. Туристичка . Честите поплави, во подруми, пред влезови на објекти после врнежливо време не се нешто ново во градов. На еден таков проблем укажа нашиот сограѓанин Ментор Цаноски, кој цели 7 години при врнежи од дожд и снег се соочува со истата мака. Вели дека надлежните треба да го решат проблемот, а доколку не преземат ништо тој во иднина ќе треба да набави рибарски чизми за да може муштериите да го посетат неговиот дуќан.
„При секои врнежи на дожд и снег водата од олуците нема каде да оди се собира на едно место и влегувањето е многу тешко. Доаѓа инкасаторот кога ги наплатува сметките сум се обратил до него, и на неговиот претпоставен кој еднаш дојде бидејќи не сакав да ги плаќам сметките, ми донесоа некоја листа, па го замолив да ми го решат проблемот. Јас сега си ги плаќам сметките, а проблемот не се решава“
За помош при решавање на проблемите од комуналната сфера, се ангажираат од НВО Благородно срце. Претседателот Стојче Ставрески вели дека тоа го прават хумано без никаков надомест. Додава дека нивната цел била да ја поттикнат обврската на оние кои за тоа земаат плата.
„Очигледна е фактичката состојба на терен каде што навистина во 21 век да гледаме мини езерце тоа е срамота за институциите на системот, односно за фондот за комунален развој. Се виде дека влегуваат и луѓе и муштерии се виде како прескокнуваат, стамота за институциите и за Локалната самуправа. Поднесувани се многу барања за вакви недоследности. Тие воопшто не одговараат писмено ниту сакаат да разговараат. Неколку пати јас лично сум бил кај началникот Змејкоски, културно се однесува но на терен воопшто не ги завршуваат работите“
ТВМ во врска со овој проблем на граѓаните, ќе побара одговор од надлежните во локалната самоуправа од комуналната сфера во првиот работен ден следнава недела.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град