Фирмите тешко опстојуваат во услови на мала куповна моќ на граѓаните

Малата куповна моќ на граѓаните и неликвидноста на коминтентите се проблеми со кои се соочуваат  охридските фирми трудејќи се да се одржат на пазарот. Впечаток на охриѓани е дека мали фирми, најчесто семејни бизниси се отвораат и затвораат преку ноќ. Според официјалните податоци токму тие се и константно најбројни и придонесуваат за локалната економија.

 |  Николоска Биљана  | 

 

И покрај потешкотиите со кои се соочуваат во бизнисот, охридските стопанственици се обидуваат да се одржат на пазарот. Славко Николовски од Млечаната индустрија „Лабрадор“за телевизија ТВМ открива дека во денешни услови не е лесно да се работи, треба голема одговорност, бидејќи се соочуваат со мал пазар а исклучително висока конкуренција и присуство на голем број на фирми кои се занимаваат со производство на млечни производи.

Потешкотија е и неможноста на овој пазар, односно малата куповна моќ која што ја имаат граѓаните и се поголемото осиромашување на купувачите, и еден од факторите кој ги лимитира да можат да купуваат дури и млечни производи и трет фактор кој придонесува за многу тешко работење е неможноста она што ќе успееш да го пласираш и продадеш да го наплатиш односно да го реализираш а тоа е показател се поголем број фирми се неликвидни односно се соочуваат со недостаток  на средства да можат она што го обезбедиле да го платат на време за да може тој круг да биде затворен за да може ние да ги исполнуваме нашите обврски како добавувачи а тие да ги исполнуваат према нас како производител“.

Фирмата „Лабрадор“ во моментов има 16 вработени, а од неа егзиститаат и 50 добавувачи на свежо млеко. Во тешките услови на пазарот можеби најдобро се снаоѓаат микро фирмите. Нив ги има и во најголем број во Охрид. Иако голем број од нив опстојуваат краток период, се затвораат преку ноќ, сепак други мали бизниси се отвораат. Доц. д-р Александар Трајков, продекан на ФТУза ТВМ вели дека малите компании, помалку или повеќе уаспешни,  значително придонесуваат за локалната економија.

„Има и охридски компании кои успешно работат на територијата на општина Охрид, но тоа се компании кои се од помал обем, не мали или средни компании кои и во обемот на работење и бројот на вработени не ги исполнуваат критериумите на голема компанија, меѓутоа тоа не значи дека не се успешни затоа што придонесуваат не само за вработеноста туку и во зголемување на доходот во Охрид“.

Инаку, вкупен број на правни субјекти на територијата на општина Охрид има 4175 од кои најголем број или  3097 се микро фирми, од мал обем 1046, среден 23 и големи компании има само 9. Ова се последните податоци од централниот регистар на Р Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top