Онколошки терапии за пациентите од Охрид

Од февруари во болницата во Охрид, болните од рак ќе добиваат терапија поблиску до местото на живеење.

 |  Голабовски Крсте  | 
влез

Од февруари во болницата во Охрид, болните од рак ќе добиваат терапија поблиску до местото на живеење.

болницаОнколошките лекови за пациентите ќе бидат обезбедени во сите општи болници низ државата, најави Министерството за здравство.

Постапката ќе ја контролираат лекари од Клиниката за Онкологија. Овој проект започна од тетовската болница, а ќе продолжи и во болниците во останатите градови.

Освен хормонска и антихормонска терапија, во првата фаза ќе се аплицира и бисфосфонатна терапија наменета за сите пациенти со коскени метастази од било кое потекло и таргетирана терапија за пациентите со карцином на дојка и карцином на желудник, додаваат од министерството.

На почеток во болниците ќе се дистрибуираат само таблети, а од септември и хемотерапија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top