МИМ во потрага по идни новинари

Охридските матуранти имаат можност за бесплатна стипендија на високата школа за новинарство.

 |  Валентина Нелоска  | 
gimnazija
гимназија

Охридските матуранти имаат можност за бесплатна стипендија на високата школа за новинарство.

Христина Цветаноска, матурант во охридската гимназија е хонорарен соработник за временската прогноза во ТВМ телевизија. Млада и креативна девојка која наоѓа во  новинарството  интересна професија. Таа e една од потенцијалните средношколци-корисници на  стипендија на високата школа за новинарство. Цветаноска за ова можност вели дека е добра и исклучителна понуда за нејзините врсници.

Високата  школа за новинарство и односи со јавност со поддршка од мисијата на Европската унија,  доделува 12  стипендии  на македонски матуранти.

GimnazijaДејан Андонов, од Високата  школа за новинарство вели досега младите беа преставувани како агресивни, нереализирани  и политички изманипулирани , а ние сакаме да фрлиме поинакво светло и да им дадеме можност преку своите ставови и размислувања да го кажат  тоа преку медиумите.

Целта на конкурсот  е  да ги потикне младите да предложат свои идеи за ТВ прилог, спот, фотографија или постер на  теми од  европската унија.

 

Кандидатите,  темите ќе ги реализираат со професинален тим од Високата школа, а нивните ТВ прилози ќе бидат емитувани на А2 телевизија и локалните медиуми. Постерите и фотографиите, пак  ќе бидат објавени во дневниот весник  Дневник и ќе бидат презентирани на изложбата што ќе се организира  по повод 9 мај,  Денот на Европа. Конкурсот е отворен до 20 март.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top