Делови од Дебрца синоќа без струја

Лешани, Велмеј, Брежани, Средоречје синоќа останаа  без електрично напојување. Причина за тоа е силниот ветер кој синоќа дуваше, при што паднале цели столбови, но се искршиле и големи гранки кои кинеле проводници, како што информираа од ЕВН. Екипите се на терен, двојно зголемени и работат на отстранување на дефектите.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Силниот ветер кој синоќа на моменти дуваше со јачина од над 100 км на час, предизвика повеќе штети во охридско – струшкиот регион. Како што информира портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, од силниот ветер дошло до кинење на проводниците на 10 киловолтните далеководи во дистрибутивната мрежа, а како последица на тоа неколку села од Дебрца синоќа останаа без електрично напојување.

„Повеќе населени места останаа без напојување, екипите се постојано на терен работат, веќе поголем дел од испадите се санирани, имаше повеќе проблеми и во делот на Дебрца, веќе повеќе населени места добија снабдување со електрична енергија.  Екипите се постојано на терен, двојно се зголемени, работат на отстранување на дефектите а најголемите дефекти се предизвикани од паѓање на цели столбови како и големи гранки кои ги кинеа проводниците“- вели Ковачевски.

Проблеми во снабдување со електрична енергија имало во повеќе региони во Македонија, прилепскиот, скопскиот, тетовскиот, велешкиот, гостиварскиот, кичевскиот, а значителни штети биле предизвикани и во струшкиот вели Ковачески.

„Во струшкиот регион повеќе од настанатите прекини се санирани во делот на хотели по крајбрежјето на Охридското езеро, во Франгово и Калишта воспоставено е доволно снабдување со електрична енергија“

Жителите од Дебрца после синоќешните дефекти во електродистрибутивната мрежа стравуваат да не им се повтори минатогодишното сценарио кога дури и по неколку денови останаа без струја. Ковачевски уверува дека уште пред самиот старт на зимската сезона од ЕВН најавиле дека се подготвени да се справат со сите евентуални предизвици, но сепак треба да се земе фактот дека природата сепак е природа и дека со некои работи човек не може да се бори. Исто така Ковачевски нагласи дека минатата година дополнитлен проблем биле непроодните и нерасчистени патишта, каде екипите не можеле да стигнат, што пак годинава за среќа не се соочуваат со таков проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top