Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за новиот старт

Голем број технички зафати за успешен почеток на второто полугодие. Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за новиот старт. Надминат е и проблемот со дефектот на парниот котел на што дел од родителите реагираа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за почетокот на второто полугодие. Секојдневно се вршат технички зафати во училишната зграда. Денес се вршеше препокривање на дел од кровот бидејќи во една училница прокиснуваше. Се чистеја и парните котли. Директорот на училиштето, Тони Симоноски вели дека тоа е редовна активност која ја прават еднаш месечно. На реакциите од некои родители дека во текот на првото полугодие еден од парните котли бил расипан, а другиот работел со намален капацитет па во училиштето било прилично ладно, директорот со став.

Воопшто не е точно. Училиштето се затоплуваше и температурата беше соодветна за одвивање настава. Вистина имавме проблем со едниот парен котел но тоа беше мал дефект кој сега е отстранет па во второто полугодие ќе немаме никаков проблем, вели Симоновски.

Во училиштето се изврши и дезинфекција нa сите простории и тоалетите, а санирана е и оштетената столарија. Кога ќе дозволат временските услови ќе се уредува и дворната површина. Директорот кажува дека пред една недела дел од учениците на сопствена иницијатива го исчистиле школскиот двор.Симоновски секој ден чека да биде поставена и заштитната ограда на тротоарот од улицата „Питу Гули“ која беше извадена кога оваа улица се реконструираше. Оградата е многу важна за безбедноста на учениците кои го користат овој влез во училишниот двор.

Од Локалната ни ветија уште пред еден месец дека ќе ја постават оградата, но поради префрлање на ингеренциите од ЈП „Нискоградба“ на ЈП „Градски пазар“ сеуште не е завршена таа работа. Оградата треба да ја постават од ЈП „Градски пазар“. Директорот пред неколку дена беше дојден и  се договоривме оградата да биде ставена до почетокот на второто полугодие, објаснува Симоновски.

Директорот на ова најголемо општинско училиште во кое учат околу 1300 ученици кажува дека имаат многу планови кои треба да ги реализираат до крајот на школстката година. Имаат аплицирано со повеќе проекти преку програмата ЕРАЗМУС, а во пролетниот период во ушилишната спортска сала планирано е дасе одржат повеќе спортски турнири.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top