Прекршочна за закупецот на „Табана“

Поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок,  СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против И.Е. (33) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок,  СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против И.Е. (33) од Охрид.

Пријавениот, на кого му било доверено водењето на угостителскиот објект „Табана“ лоциран на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, на први јануари годинава, не презел соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во кафе барот каде имало организиран дочек на новата година. Тој не презел соодветни активности да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир со тепачка и настанот не го пријавил во  полициската станица од општа надлежност Охрид.

svrПријавениот И.Е. имал договор за краткотраен закуп на угостителскиот објект „Табана“ каде организирал прослава за дочек на новата година. Околу 02 часот и 10 минути, внатре во кафе барот „Табана“, во близина на шанкот, се случила жестока расправија и турканица помеѓу Б.У.(29) од Краљево-Република Србија и сега починатото лице Димитар М. (27) од Охрид.

Со своето однесување и постапка, сега пријавениот И.Е. не се погрижил и не ги презел потребните мерки за зачувување на јавниот ред и мир во јавниот угостителски објект. Тој не презел активности за воспоставување на заштита на животот на присутните граѓани а нарушувањето и тепачката во кафе барот „Табана“ не го пријавил во СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top