Охрид ќе добие нов театар

Се поизвесно е дека Охрид ќе добие нов современ театар. Во текот на оваа недела министерството ќе објави конкурс за идејно решение за изградба на театарот. Тој ќе се гради на местото од сегашниот Центар за култура.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид ќе добие нов театар. Од Министерството за култура најавуваат дека тој ќе биде изграден по сите стандарди за еден современ и луксузен театар кој ќе ја врати театарската традиција во градов. Театарот ќе се гради на местото на сегашниот Центар за култура, а покрај театар во просториите е планирано да биде сместена и современа кино сала.

Во текот на оваа недела министерството ќе објави конкурс за идејно решение за изградба на театарот. Ги очекуваме идејните решенија кои од кога ќе заврши конкурсот ќе бидат отворени и разгледани, рече министерката за култура Елизабета Канчевска- Милеска.

Во конкурсот ќе биде објавена планската документација и изготвениот елаборат од страна на охридскиот Завод и музеј бидејќи се работи за заштитено подрачје кое се наоѓа во строгиот центар на градот.

Апелирам до сите архитекти да се пријават и во нивните идејни решенија да обрнат внимание на постоечката архитектура, за да се запази автентичноста на амбиентот во овој простор, рече Канчевска- Милеска.  

Откако ќе се избере идејното решение, ќе се започне со изработка на проектот за изградба на Охридскиот современ театар. Ова ќе е за прв пат градов да добие посебен објект за една ваква културна институција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top