Бројот на блокирани сметки кај граѓаните, во споредба со лани, се зголемил за скоро 27 илјади
Според последните податоци на Народната банка во ноември лани, бројот на блокирани сметки изнесува 247.562, од кои 69.271 се блокирани сметки на правни лица, а 178.231 се блокирани сметки на граѓани.
Најчесто блокирањето на сметките е поради неплатени комунални долгови, радиодифузна такса и рати за кредити..
Сега, според законските измени што се во собраниска процедура , извршителот нема веќе да може да блокира сметка без претходно да испрати предупредување, односно писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот.
Измените треба да ги заштитат ранливите категории на граѓани, а се предвидува и вонсудска наплата на долговите, како и скусување на рокот на продажба на недвижностите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град