Дочек на Нова година на градски плоштад Охрид

Традиционалниот дочек на Новата година на охридскиот плоштад годинава беше одбележан со настапот на познати македонски музички имиња, а ѕвезди на вечерта беа Калиопи, Викторија Лоба, Боби Мојсоски, Билјана Јуниор и Компас бенд.

 |  Николоска Биљана  | 

Неколку илијади охриѓани и гости Новата 2016 год ја дочекаа на охридскиот плоштад „Св Климент Охридски“, со легендарните хитови на дивата Калиопи. И покрај ладното време и минусните температури атмосферата во центарот на Охрид беше жешка благодарение на настапот и на останатите познати македонски музички имиња како Боби Мојсоски, незменливите „Билјана Јуниор“, Викторија Лоба и Компас бенд. Со овие имиња и величенствениот огномет, охриѓани и гостите влегоа во Новата 2016 година и точно на полноќ заменик градоначалникот Ангел Јанев со кратко обраќање на своите сограѓани и гости им ја честита Новата година.

„Очекувањата се поголеми од 2015 година. Ќе продолжиме по патот кој што го зацртавме. Се надеваме дека и понатаму ќе го направиме Охрид место достојно за живеење“ – порача Јанев.

Бисерот на Балканот отсекогаш бил и останува предизвик за бројните гости. Тие не ги криеа своите желби и впечатоци, и кажаа зошто Новата година одлучиле да ја дочекаат во  Охрид.

„Јас сум од Ростуше, живеам во Италија и за Нова Година дојдов во Охрид мислам дека е многу убав град со прекрасен народ“. Единствена желба ми е да има мир во светот да се тргнат рацете од народот, нардот да се ослободи од политиката“. „Новогодишниот амбиент на плоштадот е одличен“. Охрид е магичен, преубав е посебно пристаништето, лицата на охриѓани се ведри и насмеани“. „Ова е петти пат како сум во Охрид, бидена сум на летување, за Водици… Преубаво е, весело, убаво украсено, а најмногу дојдов заради срцата на македонците бидејќи тие се најслични на нас србите и овде се чуствуваме како дома“

Граѓаните, воглавно младите покрај на градскиот плоштад, Новата година ја дочекаа во угостителските објекти, во приватни станови а повеќето од нив и во домашен амбиент.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top