• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стојаноски: Продолжува политиката на Бакрачески „немаме за леб а трошиме на чоколадо“

Стојаноски: Продолжува политиката на Бакрачески „немаме за леб а трошиме на чоколадо“

Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на општина Охрид не прифати ниту еден од предложените 47 амандмани изготвени врз основа на потребите и барањата на граѓаните, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција.

 |  Николоска Биљана  | 

Продолжува политиката на Никола Бакрачески, „немаме за леб а трошиме на чоколадо“, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски изјави дека со тоа што на последната седница на Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ одби 47 амандмани коишто СДСМ и коалиционите партнери ги поднесоа врз основа на потребите и барањата на граѓаните, е само потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески не водат грижа за потребите на охриѓани, а тоа граѓаните одамна го знаат.

„Срамно е што градоначалникот Бакрачески не беше присутен на оваа седница на којашто се расправаше за Програмите на секторите на општината Охрид, на програмите на Јавните претпријатија за работа за наредната година и се донесуваше буџетот на општина Охрид. Факт е дека Бакрачески не го интересира кастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Охрид“

Според Буџетот за 2016 година, Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги намалуваат средствата за хигиената во Охрид, за зеленилото, за животната средина. Со тоа очигледно е дека Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните го ставаат на последно место, кажа Стојаноски.

„Граѓаните сеуште пијат вода од азбестни цевки а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со народни пари за реновирање на кејот којшто се наоѓа во добра состојба. Граѓаните возат по руинирани улици а Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошат парите на граѓаните за луксузни возила. Катастрофална е состојбата и со финансиите за донесувањето на урбанистичките планови. Се донесуваат само оние урбанистички планови кои се финансирани од приватни лица. Сите други граѓани кои немаат да инвестираат во изработка на урбанистички планови чекаат со години и како што изгледа ќе чекаат и понатаму“

Стојаноски обвини и за тоа дека поради „Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид е на првото место по бројот на иселени млади луѓе. И уште еднаш порача дека времето на Никола Груевски и Никола Бакрачески поминало.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top