Накитена подводната елка

Овој необичен настан годинава се случува по 14ти пат. Неизбежен детал од овој традиционален предновогодишен настан беше и наздравувањето со шампањско под вода.

 |  Мишел Наумоски  | 
podvodna elka

Нуркачите од Амфора ја накитија подводната новогодишна елка. Овој веќе традиционален и необичен настан годинава се случува по четиринаесетти пат, а локацијата како и секоја година беше Заливот на коските кај Градиште.

podvodna elkaПо поставувањето и китењето на елката, нуркачите традиционално наздравија со подводно пиење на шампањско. Настанот на китење на подводната елка има огромно значење за промоцијата на Охрид, езерото како и Заливот на коските каде истата традиционално се поставува под вода. Инаку подвдводната елка како  една своевидна атракција за новогодишните празници, претставува дополнителна причина туристите да слушната за Заливот на коските и да го посетат. Наколната населба во заливот и археолошкиот локалитет Миќов град привлекуваат секоја година илјадници гости од земјата и од странство. Според Завод и музеј Охрид, Заливот на коските е најпосетена туристичка дестинација во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top