За да успееш во животот треба да го сакаш она што го работиш. Ова е пораката на првиот човек во градот Никола Бакрачески на денешното свечено отворање на интернационалниот младински филмски фестивал во Охрид. Градоначалникот верува дека идните светски познати филмски работници, доктори, инженери, информатичари се кријат точно меѓиу младите охриѓани кои во иднина преку нивниот труд, залагање и знаење ќе постигнат она што го замислиле.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес во просториите на информатичкиот универзитет свечено го отвори патувачкиот филмски младински фестивал Џифони. Тој нагласи дека градот континуирано дава поддршка на ваквите настани со цел ширење на културниот производ и на филмската култура помеѓу младите во Охрид. Неговите очекувања се дека по завршувањето на интернационалниот младински филмски фестивал Џифони, дел од младите образованието ќе го продолжат во светот на филмот.
„На почетокот сакам да ви се заблагодарам што им овозможивте на учениците од средните училишта од Охрид, одблиски да се запознаат со тајните на филмот и филмската индустрија преку големиот број на реномирани предавачи кои несебично со вас ќе го споделат своето искуство и знаење. Сега тоа е подостапно за сите вас откако Министерството за образование во соработка со престижниот Прашки факултет за филмска уметност во Охрид го отворија институтот за филмски уметности. Филмската индустрија е можеби единствена област каде што преку својата работа можете да поттикнете одредени промени во општеството“ – вели Бакрачески.
Организаторите на фестивалот ветуваат два незаборавни дена со Џифони искуството каде младите ќе имаат можност да погледнат два филма, истите да ги коментираат но ќе следат и три работилници за фотографија. Целта е приближување на седмата уметност до охридските средношколци како и изучување на на процесите за изработка на убави филмски дела, вели директорката на Џифони проектот за Македонија Елена Величковска Николовска.
„Од името на Џифони Македонија и од целиот тим кој што работи на проектот Џифони патува, би сакала пред се да се заблагодарам на укажаната доверба и можност да го вклучиме Охрид во проектот кој го започнавме оваа година. Овој проект е замислено да ги вклучи поголемите градови од земјава. Инаку станува за проект кој што својот почеток го има пред 45 години во едно мало градче на југот на Италијај и низ годините прерасна во еден од најголемите фестивали за млади“ – вели Николовска.
Зад овој проект стојат Агеницијата за филм и Џифони Експиријанс, матичниот фестивал од Италија. Фестивалот ќе го следат сто и триесетина средношколци од градов.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град