Усвоен буџетот на општината тежок над 1 милијарда денари. Денешната седница на охридскиот Совет помина во знакот на усвојување на развојните програми и носењето буџет за следната година. Од локалната очекуваат функционален буџет за 2016, додека пак од опозицијата сметаат дека истиот е неразвоен.
Буџетот на општина Охрид за 2016 година тежок 18 000 000 евра. По неколку точки од дневниот ред, советниците отворија широка расправа посебно по однос на третата точка која се однесуваше за Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид за 2016 година. Претстојната година ќе биде во знакот на сериозни инфраструктурни инвестициски зафати во Охрид, вели секретарот на општината Димитар Спасески.
„Се на се очекуваме фуукционален буџет пред се кој ќе може да ги задоволи нашите потреби и буџет кој реално ќе создава можности и нема да создава нови долгови. Важно е да се каже дека и во вака концепираниот буџет со бројни активности и проекти секогаш градоначалникот Бакрачески и оваа администрација внимаваат да се изнајдат средства со кои што општина Охрид ќе ги покрива старите долгови што е важно бидејќи на почетокот на мандатот склучивме многу спогодби со доверители што прифатија на определени рати да се исплаќа долгот и на тој начин од една страна буџетот оди во развојни цели но се исплаќаат и долговите и секако тој буџет не треба да создава нови долгови“ – вели Спасески.
Со буџетот за 2016 година ништо нема да се промени во општината, е ставот на опозицијата во советот. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски изнесе забелешки на неколку точки кои се однесуваа на дел од развојните програми за 2016 год.
„Исто така бевте сведоци на лошите урбанистички програми кои се носеа и тука сакаме да кажеме дека според буџетот за 2016 година некои урбани блокови во Охрид а и дел од селата урбанистичките планови за овие урбани блокови ќе бидат финансирани на сметка на буџетот а за други села и урбани блокови граѓаните дополнително ќе треба да издвојуваат свои средства и сами да ги платат тие урбанистички планови. Таканаречената „дил ориентит“ политика на Никола Груевски и виртуелните проекти кои што тие ги носат Охрид го ставија само на прво место по бројот на млади иселени не постигнувајќи ништо конструктивно, прогресивно и развојно за нашиот град“ – изјави Стојаноски.
Советниците расправаа и на точката во однос на Предлог Одлуката за усвојување на Развојната Програма за активностите на општина Охрид во областа на образование за 2016 – 2018 година, при што двата поднесени амандмани од ВМРО НП не беа прифатени. Општо земено, на денешната седница не помина ниту еден од многуте амандмани кои беа предложени од страна на советниците на СДСМ и нивните коалициони партнери.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град