Почитувач на религијата за која вели дека е насока по која го живее својот живот. ТВМ ви го претставува кандидатот за градоначалник од ВМРО-Народна Партија, д-р Томе Гиноски.
Почитувач на религијата за која вели дека е насока по која го живее својот живот. ТВМ ви го претставува кандидатот за градоначалник од ВМРО-Народна Партија, д-р Томе Гиноски.
Со слатко и чаша вода, како што налага старата традиција, бевме пречекани во куќата на д-р Томе Гиноски во Пештани. Дом исполнет со семејни фотографии, уметнички слики и звуците на моцартовата опера „Волшебната флејта“.
Тоа е секојдневното опкружување во кое се релаксира и ги минува своите слободни мигови д-р Томе Гиноски, вљубеник во класичната музика, книгите, старите филмови и фотографии.
Д-р Томе Гиноски 24 години е во хармоничен брак со сопругата Тања, со која го имаат синот Јован, студент во шеста година на Медицинскиот факултет во Скопје, кој истовремено е поет и сликар.
Гиноски во целост ја добива подршката на својата сопруга Тања, која е тука после секој напорен работен ден поминат во Општата болница-Охрид, во која веќе 25 години работи како хирург.
Гиноски не може да го замисли својот живот без Охридското езеро. Со прошетка на брегот на ова скапоцено природно богатство му започнува и завршува секој ден.
Религијата за д-р Гиноски претставува темелна вредност, светлина која му го покажува патот по кој го живее својот живот. Како човек, родител, сопруг, хирург, а се надева и како градоначалник. Бидејќи, додава Гиноски „Да се биде градоначалник без морал не може, а нема морал без религија“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град