Приведен охриѓанец кој сакал да бега со кокаин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (25) од Охрид.

svrНа втори мај оваа година околу 06 часот и 20 минути, пријавениот се обидел да им избега на полициските службеници кои пристигнале пред неговата куќа на улицата „Абас Емин“ во Охрид. По судска наредба, полициските инспектори требало да извршат претрес во домот и патничкото моторно возило на пријавениот.

Тие, во моментот на пристигнување, го забележале М.О. како по пиџами излегува од балконот од  вториот кат и притоа исфрла четири пластични опаковки со опојна дрога кокаин. По кратко време, се прекачил на покривот од хотелот во близина на неговата куќа и прескокнал на фрижидерите од блиската продавница.  

Пријавениот М.О. набрзо бил приведен, опаковките со кокаин се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Дрогата била наменета за натамошна продажба на наркозависници.

Пријавениот М.О. е познат сторител на кривични дела против кого и досега биле поднесувани кривични пријави.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top