Атрактивни содржини и големи попусти за Водици

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.

vodiciТрадиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка  со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.
Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите која по своите духовни и верски вредности ги надминува локалните и регионални граници и го привлекува вниманието на голем број верници, гости, туристи и посетители.

Партнерската соработка помеѓу локалната самоуправа, туристичкиот еснаф и верските заедници придонесува кон натамошна афирмација на традицијата и зголемување на интересот на угостителските субјекти од градот за креирање на привлечни понуди и ценовни прилагодувања за сите заинтересирани гости во деновите на прославување на манифестацијата.

Креираните понуди на претставниците на туристичко – угостителскиот сектор ќе бидат објавени на официјалната веб страна на општина Охрид со што ќе достапни за сите граѓани, потенцијални посетители и домашните и странски агенции.

vodiciТУРИСТИЧКИ ПОНУДИ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2016

ХОТЕЛИ:

ХОТЕЛ БЕЛВЕДЕРЕ

Ноќевање со појадок – 17 евра по лице на ден.

ХОТЕЛ ГРАНИТ
Ноќевање со појадок во 1/2соба  – 15 евра по лице.

 ХОТЕЛ МИЗО

Ноќевање со појадок во двокреветна соба по особа – 1100 денари
Полупансион во двокреветна соба по особа– 1280 денари
Полнпансион во двокреветна соба по особа – 1480 денари
Наем на вили – 6100 денари
Наем на бунгалови – 1830 денари

ХОТЕЛ СИТИ ПАЛАС
 
vodici48 евра стандардна двокреветна соба на база ноќевање со појадок на ден за две особи.
31 евро стандардна двокреветна соба на база ноќевање со појадок на ден за две особи.
80 евра ДЕЛУКС соба на база ноќевање со појадок на ден за две особи.
Цените се за период од 15 – 21 Јануари 2016

ХОТЕЛ ТИНО – ЦЕНТАР

Ноќевање со доручек со вклучено користење на спа центарот  –  20 евра по особа
Цените се за период од 15 – 20 Јануари 2016

ХОТЕЛ ТИНО – СВЕТИ СТЕФАН

Ноќевање со доручек со вклучено користење на спа центарот и внатрешниот базен  –  20 евра по особа
 Цените се за период од 15 – 20 Јануари 2016

vodiciВИЛИ:

ВИЛА ДЕ ЛАГО
25 евра ноќевање за период од 18 – 20Јануари 2016

ВИЛА ЈОВАН
30%попуст за ноќевање за период од 18 – 20 Јануари 2016

ВИЛА РОЈАЛ ВЈУ
15евра по лице во двокреветна соба за период од 14 – 21 Јануари 2016

РЕСТОРАНИ:

РЕСТОРАН ДАЛГА
Гратис топла ракија

РЕСТОРАН ПОТПЕШ
10% попуст на целокупните услуги на 19 Јануари, 2016 и гратис топла ракија, пача и плашици

РЕСТОРАН СВЕТА СОФИЈА
15% попуст на храна и пијалоци за период од 18 – 20 Јануари 2016

РЕСТОРАН ЧУН
Гратис топла ракија

vodiciПИЦЕРИИ:

ПИЦЕРИЈА ЛЕОНАРДО
20% попуст на храна и пијалоци на 19 Јануари 2016

ПИЦЕРИЈА НЕМО
15% попуст на храна и пијалоци за период од 18 – 20 Јануари 2016

КАФЕТЕРИИ:

КАФЕ БАР АКВАРИУС
Гратис топла ракија на 19 Јануари 2016

КАФЕ БАР КАДМО
Гратис топла ракија и пача на 19 Јануари 2016

КАФЕ БАР ЛИКВИД
20% попуст на целокупните услуги за период од 21 – 24 Јануари 2016

vodiciЛАНЧ БАРОВИ:

ЛАНЧ БАР ОБЈЕКТИФ
20% попуст на целокупните услуги за период од 21 – 24 Јануари 2016

ЛАНЧ БАР КОНЕКТ
10% попуст на целокупните услуги на 19 Јануари, 2016 и гратис топла ракија

ПАБОВИ:

ИРСКИ ПАБ ДАБЛИН
Гратис топла ракија и пача на 19 Јануари 2016

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top