Препознавање на говорот на омраза

Младински Совет на Охрид организира обука против говор на омраза –Препознавање и Реагирање -обука финансирано од Мисијата на ОБСЕ во склоп на проект во соработка со Центар за интеркултурен дијалог  од Куманово  на 19.12.2015 г. (сабота) oд 11:30 до 17: 00 часот во малата сала на Општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

parolaОбучувачи на обуката ќе бидат Вахид Мемед од Охрид и Матеј Маневски од Куманово .
    
Обуката „Препознавање на говор на омраза“ е дел од серијата на обуки кои се реализираат низ Македонија како дел од годишниот проект на Центар за Интеркултурен Дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Идејата на овие обуки е да ја подигнат свеста кај младите и мултипликаторите (луѓе кои работат со млади ) за тоа како да разберат што е говор на омраза и кои се последиците од истиот.

Активностите кои се дел од истиот се дел од прирачникот „Обележувачи“ кој е прирачник за работа со млади луѓе за теми кои се повразани со говор на омраза,криминал од омраза ,човекови права итн. Сите обуки се интерактивни и директно ги вклучуваат учесниците во процесот на учење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top