Се крои буџетот на општината за 2016

На јавна дебата за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2016та граѓаните и невладините организации имаа можност да ги кажат своите идеи и очекувања од Локалната за наредната година.  Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека ваквите средби со граѓаните многу им помагаат кога ја прават проекцијата на годишниот буџет.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се крои буџетот на општината за 2016та. Граѓани, невладини организации и здруженија активно партиципираат во креирањето на програмите за работа на Локалната самоуправа. Денес се одржа јавна дебата за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2016та. Секретарот на општината Димитар Спасески вели дека оваа постапка е согласно законската регулатива, но и начинот на работа на Локалната која се залага за транспарентност кон граѓаните.

Многу добро функцонира овој модел на комуникација со граѓаните бидејќи многу нивни проблеми и потреби се доставуваат до нас или јавно се презентираат па ние ги разгледуваме и доколку има основа ги вклопуваме во годишните програми на Локалната , објаснува секретарот.

На денешната јавна дебата Димче Каневче преставникот на Невладината МОСТ кажа дека разгледувајќи ги програмите на општината воочиле дека недостасува програма за  подршка на здруженија на граѓани и невладини организации па побара од општината да подготви програма за работа која ќе влезе во буџетот за наредната година.

Она што исто така го предложивме беше да се даде поголем акцент на младите во општинава. Ние имаме изгодвено програма за млади па ќе им ја доставиме па доколку има интерес кај Локалната може да соработуваме на тој план, вели Каневче.

Секретарот ја поздрави ваквата идеја и рече дека ќе се заложи за нејзина реализација.

Насочија една програма која ќе ја разгледаме. И наша интенција е да се вклучат младите во општествените текови и да се реализираат на професионален план во своето место на живеење, вели Спасески.

На денешната јавна дебата имаше и преставници на Месната заедница Куратица. Тие побараа од Локалната курајчкиот фестивал да влезе во годишната програма на општината.

Курајчкиот фестивал веќе преставува бренд на ова село. Ние секоја година се трудиме да биде што помасовно посетен и поуспешно организиран. За тоа ни е потребна подршка од Локалната, вели  Гоце Балоски од МЗ Куратица.

Секретарот на општината кажа дека тие веќе ја увиделе потребата од давање финансиска подршка на овој фестивал.

Уште вчера се договоривме овој фестивал да стане дел од годишната програма на Општина Охрид. Локалната има чуство за настаните кои стануваат препознатлив знак за градов и околината па во секое време сме подготвени за нивна подршка, вели Спасески.

Секретарот на општината рече дека сите предлози и сугестии од денешната јавна дебата сериозно ќе се земат во предвид при донесувањето на буџетот. Тој ќе се гласа на последната седница во оваа година која ќе се одржи на 25 декември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top