Денес и официјално беше ставен потпис на овој договор помеѓу Ромите и ВМРО ДПМНЕ
Денес и официјално беше ставен потпис на овој договор помеѓу Ромите и ВМРО ДПМНЕ
Охридските роми своите гласови, на претстојниве локални и претседателски избори, ќе им ги дадат на ВМРО ДПМНЕ. Денес, во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ договорот го потпишаа претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски и претседателот на ОО на Демократските сили на ромите, Фејзо Шемо.
Демократските сили на ромите, и во 2006 и во 2008 год. своите гласови им ги даде на ВМРО ДПМНЕ, како на централно тека и на локално ниво.
„Се надеваме дека, гласовите на ромите ќе ни освојат барем едно советничко место,а за возврат на тоа, според нашиот конкретен договор тие ќе добијат работни места“, рече претседателот Стефаноски.
Денеска на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш оваа партија го прозва градоначалникот Александар Петрески.
„Кога спомнува позитивна кампања, го прашуваме Петрески што има позитивно во потполна злоупотреба на општинските добра за цели на неговата предизборна кампања. На Охрид му треба човек со срце за Охрид, а не со срце во џебот“ рече портпаролот на ОК На ВМРО ДПМНЕ, Јованчо Секуловски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град