Уште еден натпревар ги дели Охридските ракометари од пласман во плејофот кој беше посакуван пред почетокот на сезоната.
Уште еден натпревар ги дели Охридските ракометари од пласман во плејофот кој беше посакуван пред почетокот на сезоната.
Викендов гладијаторите во СРЦ „Билјанини извори“ со девет гола разлика ја совладаа ракометната екипа на Радовиш. Гостите одлично го започнаа мечот и поведоа со 3-1, но охриѓани возвратија жестоко со серија 7-2 за водство (8-5) по само 13 минути игра. Од тој момент нашите ракометари во целост ја презедоа контролата врз играта во свои раце и со лесни голови ја зголемуваа предноста која на крајот од првиот дел изнесуваше плус седум (20-13).
Домаќините продолжија во исто темпо во вториот дел и по 8 минути игра стигнаа до највисоки плус осум (26-18). И тука не сопреа охриѓани и со уште една серија обезбедија десет погодоци предност на семафарот (31-21). Охридскиот стратег Горан Андоновски им даде прилика на сите ракометари, а ротацијата во составот гостите ја искористија да намалат еден погодок за конечни 35-26. Со овој триумф ракометарите на Охрид речиси и да обезбедија пласман во плејофот кој беше посакуван пред почетокот на сезоната.
Последниоот противник за охридските ракометари е екипата на Пелистер која ќе ги пречека на домашен терен оваа сабота 19.12.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град