Портпаролот на СДСМ Охрид, Александар Кузески вели дека ситуацијата со греењето е крајно драматична, а пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови.
Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение нема греење-обвинија денес од општинската организација на СДСМ од Охрид. Портпаролот на охридските социјалдемократи, Александар Кузески вели дека хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направиле во здравството, според нив се случува и во Општата болница Охрид.
“Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој. Ситуацијата е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови. Општата болницата години наназад ја тресат скандали, почнувајќи од нејзината екстремно скапа изградба, до немање соодветен персонал, посебно доктори специјалисти, несоодветни услови и грижа за болните.”-вели Кузески.
Портпаролот Кузески вели дека тие се згрозени од лицемерието на власта во заминување и додаде дека тие нема да дозволат ниту сега ниту понатаму власта да ги зема парите на старите лица, а притоа да им пружа заштита која е под секое човечко достоинство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град