Втора година со ред, познатите личности од градов, биле тие политичари, историчари, новинари, бизнисмени, луѓе од образованието го дадоа својот скромен придонес па и физички труд како би помогнале на оние на кои тоа им е потребно.
Секој пијалок-мала помош но со големо значење. Денес охриѓани на кафе муабет во кафе барот Аквариус со една хумана цел. Втора година со ред, познатите личности од градов, со келнерските и шанкерските способности кои ги стекнаа на минатогодишната хуманитарна акција, вооружени со насмевка и ведрина дадоа свој придонес за помош на оине на кои тоа им е потребно.
“Секое патување почнува со првиот чекор. Се надеваме дека ќе прерасне во традиција, тоа е наша желба и интенција е да се повторуваат и да се множат вакви настани. Еве како што гледате, хуманитарниот карактер на охриѓани се отсликува во вакви моменти, иако е времето ладно, желбите се топли, секој сака да биде тука, да биде присутен, ја забележувате позитивноста во воздухот, инаку денешнава акција е со намена средствата кои ќе се соберат, да одат во ОУ “Климент Охридски” за паралелката со посебни образовни потреби.”-вели Михаил Мишев од кафе барот Аквариус.
Оние кои учествуваа со својот физички труд како оваа акција би била успешна како и минатата велат дека за нив било вистински престиж што можат на било кој начин да придонесат во акцијата. Нив ги запрашавме какво е чувството да се помогне на некому.
“Апсолутно е благородно чувството да се помогне, барем да се даде еден мал придонес во помагањето на оваа категорија на луѓе кои се тука во нашето општество, апсолутно голем поздрав и до Лајонс клубот Охрид и до кафе барот Аквариус кои се промотори на една ваква идеја и не само оваа идеја да остане во овие граници туку да стане начин на наше размислување и живеење.”
“Јас би сакал еден апел да дадам, ваквите хуманитарни акции да допрат до повеќе граѓани во општина Охрид, односно апел и до останатите угостителски објекти да го следат она што го прави кафе барот Аквариус во изминативе две години и сите барем еден ден во годината отстапат дел од своите средства и да се донираат во хуманитарни цели.”
“Еве јас како член на Лајонс клуб Охрид, нас чест ни е секогаш да бидеме присутни до оние на кои што им е потребна помош, и да помагаме онаму каде што луѓето се немоќни. И денеска е една таква акција, благодарност и до кафе барот Аквариус, кои даваат голем допринос заедно со нас да допринесеме и да им дадеме помош на оние на кои таа навистина им е потребна.”
“Мене ми е многу драго кога гледам дека се одржуваат вакви акции во нашиот град, очигледно е дека на охриѓани им се потребни вакви акции, и се добредојдени кај народот, ги поздравуваат и затоа гледате дека во олкав број се одзвале денеска да дојдат тука и да одговорат на повикот за оваа хуманитарна акција.”-рекоа дел од учесниците.
Инаку за паралелката за деца со посебни образовни потреби при ОУ Климент Охридски ќе одат сите парични средства кои беа собрани од наплатените пијалоци во периодот од 12 до 14 часот, но и дополнителните донации во кутиите со ознака на Лајонс клубот Охрид. Минатата година, собраните средства пак беа наменети за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Зраци” од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град